Македонија
Дознај прв
АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА МЕЃУ НАРОДОТ: По Дебар, Варнес во посета и на Охрид – турнејата продолжува по другите градови

Вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Скопје, Никол Варнес, ја продолжи посетата низ градовите во Македонија.
По Дебар, Варнес вториот ден престојувала во Охрид, каде што посетила неколку институции и остварила средби со претставници на локалната заедница. Во Дебар, Варнес се сретнала со градоначалникот Фисник Мела и имала можност да се запознае со природните убавини и туристичкиот потенцијал на градот, а посетата вклучувала и возење со брод по Дебарското Езеро.
Во Охрид, според објавеното, таа го посетила Хидробиолошкиот институт, каде што разговарала за соработката преку Програмата „Систер Лејкс“ со сојузната држава Вермонт. Варнес се сретнала и со извидници од Македонија, со кои разговарала за лидерството, служењето, отпорноста и граѓанската одговорност. Во текот на посетата во Охрид остварила и средба со градоначалникот Кирил Пецаков, со кого разговарала за локалните приоритети и улогата на заедниците во секојдневниот живот. Посетата, како што било најавено, требало да продолжи и во други градови во рамки на иницијативата „Beyond the Capital“, со фокус на луѓето, заедниците и локалните приоритети.
Турнејата на Варнес која досега беше во Охрид и Дебар, детално може да ја следите ТУКА. Продолжува низ цела Македонија.
