Македонија

ГУЖВА НА БОГОРОДИЦА: Sе чека околу еден час за излез од Македонија

Околу еден час се чека за излез од Македонија на граничниот премин Богородица. На останатите премини нема подолги задржувања.

ГУЖВА НА БОГОРОДИЦА: Sе чека околу еден час за излез од Македонија

Зголемен интензитет на сообраќајот

Околу еден час се чека за излез од Македонија на граничниот премин Богородица, информираат надлежните. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози. Сепак, интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од населените места е зголемен. Возачите се советуваат да ја прилагодат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

АМСМ со препорака до возачите

Од АМСМ препорачуваат внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои можност за појава на одрони. Како делници каде е потребна дополнителна внимателност се издвојуваат Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.