Хроника
Дознај прв
АПСЕЊЕ ВО БАНКА ВО СКОПЈЕ: Со лажна лична карта се обиделе да земат кредит од 900.000 денари
Тројца скопјани се уапсени во банка при обид со фалсификувана лична карта и кредитна документација да подигнат кредит од 900.000 денари.

Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје на 29 јули лишиле од слобода тројца скопјани, осомничени за фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Приведени се И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), против кои е поведена постапка за две кривични дела од Кривичниот законик.
Се обиделе да подигнат 900.000 денари
Според информациите од МВР, И.Т., со помош на другите две лица, се обидел во банка во Скопје да поднесе барање и да подигне кредит во износ од 900.000 денари. За таа цел била употребена фалсификувана лична карта со податоци на друго лице, како и фалсификувана кредитна документација.
Уапсени при обработката на документите
Тројцата биле лишени од слобода во моментот кога документацијата се обработувала во банката. Во координација со дежурен јавен обвинител, тие биле изведени пред судија на претходна постапка. Осомничените се товарат за „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на лични податоци“.
