Магазин
Дознај прв
(ВИДЕО) Коњаницата свечено пристигна во Крушево за Илинден
Коњаницата денес свечено пристигна во Крушево, каде што беше пречекана со силен аплауз и голем број граѓани.

Коњаницата денес свечено пристигна во Крушево, каде што беше пречекана со силен аплауз и голем број граѓани. Во пресрет на одбележувањето на Илинден, улиците на градот беа исполнети со посетители кои им оддадоа почит на илинденците и на вековната борба за слобода. Емоциите беа видливи кај многумина, а атмосферата ја одбележаа македонските знамиња, патриотските песни и долгите аплаузи. Крушево уште еднаш потврди дека останува симбол на македонската историја, достоинство и слободарски дух. Пристигнувањето на коњаницата е дел од традиционалните илинденски чествувања, кои секоја година собираат илјадници граѓани од целата држава.
View this post on Instagram

