Македонија

АТС ГРУП СО РЕАКЦИЈА: Компанијата нема да биде инструмент за дневно-политички пресметки

АТС Груп ги отфрла политичките обвинувања и посочува дека компанијата работи согласно законите и самостојно ги носи своите деловни одлуки.

АТС ГРУП СО РЕАКЦИЈА: Компанијата нема да биде инструмент за дневно-политички пресметки

Од компанијата ги отфрлаат политичките конструкции

АТС Груп реагира на, како што наведуваат, политичките конструкции и обвинувања во кои името на компанијата се користи во меѓупартиски и дневно-политички пресметки. Од компанијата посочуваат дека се приватна фирма која работи во одбранбената индустрија, со над 500 вработени и континуирани инвестиции во производствени капацитети, технологија и опрема. Тие нагласуваат дека нивните партнери и клиенти доаѓаат од САД, Европската Унија и земјите од регионот, а активностите се спроведуваат согласно важечките закони и меѓународните правила. Од АТС Груп велат дека ангажирањето меѓународни компании за правни, комуникациски и други консултантски услуги е легитимна деловна практика. Компанијата додава дека активностите во САД се реализираат согласно законските процедури, а информациите за кои постои обврска за јавност се достапни преку официјалните регистри.

АТС Груп бара дебатата да се темели на факти

Од компанијата нагласуваат дека самостојно ги носат и финансираат своите деловни одлуки и не сакаат нивното работење да биде поврзувано со политички партии или влади. АТС Груп повикува на институционален однос и проверени факти при изнесувањето информации за компанијата, особено поради тоа што работи во стратешки чувствителна индустрија. Од компанијата посочуваат дека ќе продолжат со инвестиции, производство, отворање работни места и развој на меѓународни партнерства.

ОЗНАКИ: АТС груп