Дознај прв
БЕСПЛАТНА ШКОЛА ЗА ПЛИВАЊЕ ВО ЧАИР: Пријавувањето за децата е во тек
Општина Чаир организира бесплатна школа за пливање за деца од 7 до 12 години. Програмата започнува на 15 август, а местата се ограничени.

Општина Чаир организира бесплатна Недела на учење пливање за деца, во рамките на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“. Програмата ќе започне на 15 август и има цел децата да ги научат основните техники на пливање, но и да развиваат здрави животни навики и редовна физичка активност.
Наменета за деца од 7 до 12 години
Наставата е наменета за три возрасни групи: од 7 до 8, од 9 до 10 и од 11 до 12 години. Групите ќе бидат мешани, со девојчиња и момчиња, а во еден термин ќе можат да учествуваат најмногу 30 деца. Обуката ќе ја спроведуваат двајца инструктори по пливање, под надзор на четворица професори од Универзитетот „Мајка Тереза“.
Бројот на места е ограничен
Учеството во програмата е бесплатно, но родителите треба сами да обезбедат костим, капа и очила за пливање за своите деца. Бројот на места е ограничен, поради што Општина Чаир ги повикува родителите и старателите навреме да ги поднесат пријавите преку објавениот онлајн формулар.
