Македонија

БРВЕНИЦА ВО НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК: Шест кандидати во трка за челната позиција

БРВЕНИЦА ВО НЕДЕЛА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК: Шест кандидати во трка за челната позиција

Жителите на Општина Брвеница во недела, на 18 октомври, ќе гласаат на предвремени локални избори за избор на нов градоначалник. Изборите беа распишани по смртта на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина во јуни годинава. Во трката за градоначалничката функција учествуваат шест кандидати, меѓу кои претставници на политички коалиции и двајца независни кандидати.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ настапува со Стојанчо Радичевски, додека кандидат на коалицијата предводена од СДСМ е Јовица Радески. Од албанскиот политички блок, Вреди настапува со Јакуп Усеини, а ДУИ и Националната алијанса за интеграција го поддржуваат Аркин Јахији. Во изборната трка се и независните кандидати Арифе Идризи и Душан Богдановски. Гласањето во недела ќе започне во 7 часот, а доколку ниту еден кандидат не го освои потребното мнозинство, вториот круг ќе се одржи по две недели.

Утрово, имаше зовриени страсти меѓу опоментите од власта и опозицијата.

БУРНА РЕАКЦИЈА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го спомена починатиот градоначалник на Брвеница во контекст на криминал и корупција