Македонија
Дознај прв
ДАНИЕЛА ДИМОВСКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СКОПСКИОТ КРИВИЧЕН СУД
Даниела Димовска е избрана за претседателка на скопскиот Кривичен суд, откако на седница на Судскиот совет доби 11 гласа „за“.

Даниела Димовска е избрана за нова претседателка на Основниот кривичен суд Скопје.
Одлуката е донесена на денешната седница на Судскиот совет, каде Димовска добила 11 гласа „за“. За истата позиција кандидат бил и судијата Ивица Стефановски.
Димовска доаѓа од редовите на Кривичниот суд, а изминатата една година ја извршувала функцијата в.д. претседател на судот.
Со ова, таа и официјално застанува на чело на еден од најзначајните судови во државата, кој постапува по голем број предмети од јавен интерес.
Скопскиот Кривичен суд останува во фокусот на јавноста, особено поради предметите поврзани со организиран криминал, корупција и други случаи кои предизвикуваат големо внимание.
