Скопје
Дознај прв
ДО 1 СЕПТЕМВРИ ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН ГРАДСКИ ВОЗ: Заврши реконструкцијата на пругата Драчево–Илинден
Градски воз најдоцна до 1 септември ќе биде пуштен во Скопје, а заврши и реконструкцијата на пругата Драчево–Илинден.

Завршена е реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, односно пругата од Драчево до Илинден, со што се создаваат услови товарните возови да се пренасочат надвор од главниот град.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, извршија увид и тест возење на обновениот железнички коридор.
Според Николоски, со оваа делница товарниот сообраќај ќе се извади надвор од Скопје, што треба да придонесе за подобра организација на транспортот, побрз карго сообраќај на Коридорот 10, но и за намалување на загадувањето во градот.
Во моментов трае тест период, по што треба да следува технички прием. Николоски очекува за дваесетина дена карго возовите да почнат да ја користат оваа делница.
Тој најави и дека најдоцна до 1 септември ќе биде пуштен градскиот воз, односно првата линија која ќе се движи од Зелениково, преку Драчево, до центарот на Скопје.
Со ова, Скопје треба да добие нова можност за јавен превоз, кој би можел да го намали сообраќајниот метеж и да понуди побрза врска за граѓаните од приградските населби кон центарот.
