Дознај прв
ДЕНЕС Е ИВАНДЕН: Постои верување за кое не сте знаеле
Денес е Иванден, голем христијански празник поврзан со Свети Јован Крстител, сонцето, билките и бројни народни верувања.

Денес е Иванден, еден од големите христијански празници од летниот циклус, посветен на раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител Господов.
Иванден во македонската народна традиција е поврзан со летниот солстициј, односно со периодот на долгодневницата. Празникот во годишниот круг е симетричен на Божиќ, кој е поврзан со зимскиот солстициј и краткодневицата.
Со овој празник се поврзуваат бројни народни обичаи и верувања, особено оние поврзани со сонцето, огновите и билките. Ритуалите со билките се сметаат за еден од најважните елементи на Иванден и се поврзуваат со старите словенски верувања.
Во народното верување се смета дека на Иванден билките имаат посебна моќ, а постојат и верувања дека на овој ден „игра сонцето“ или дека се превртува три пати, бидејќи празникот паѓа во најтоплиот период од годината.
Иванден останува еден од празниците што најсилно ја спојуваат христијанската традиција со македонските народни обичаи и верувања.
