Македонија

Денеска облачно и посвежо време со повремени врнежи

Времето денеска, 25 септември, ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи, а на места се очекуваат и пообилни количества дожд.

Денеска облачно и посвежо време со повремени врнежи

Повремени врнежи низ земјата

Времето денеска, 25 септември, ќе биде облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта, а на места се очекува да бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје дожд и до 21 степен

Во Скопје ќе биде облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд во текот на денот и ноќта. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а дневната температура ќе достигне до 21 степен.

ОЗНАКИ: МЕТЕО