Регион

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО СПЛИТ: На авион му пукна гума при слетување, пистата била блокирана два часа

Авион на „Иберија“ со 172 патници останал на пистата во Сплит поради пукната гума. Нема повредени, а започната е безбедносна истрага.

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО СПЛИТ: На авион му пукна гума при слетување, пистата била блокирана два часа

Пистата на аеродромот во Сплит повторно е отворена откако авион на „Иберија“ останал запрен на неа поради пукната гума при слетувањето. Станува збор за авион „Ербас А320“, кој пристигнал од Мадрид со 172 патници и шест члена на екипажот. Во инцидентот нема повредени, а сите патници биле безбедно симнати и упатени кон терминалот.

Пистата била затворена до 18:30 часот

Поради отстранувањето на авионот и проверката дали постојат услови за продолжување на сообраќајот, пистата била привремено затворена. Аеродромот повторно бил отворен за воздушен сообраќај во 18:30 часот. На авионот била причинета само мала материјална штета.

Започната безбедносна истрага

Хрватската Агенција за истрага на воздушни, поморски и железнички несреќи соопшти дека започнува безбедносна истрага за инцидентот. Надлежните веднаш биле известени од аеродромот во Сплит и од оперативно-комуникацискиот центар на хрватското Министерство за внатрешни работи. Ова е второ привремено прекинување на сообраќајот на аеродромот за краток период, откако претходно во близина на пистата бил забележан дрон.