Македонија

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА: Уште три лица чекаат резултати

Седум пациенти со западнонилска треска се лекуваат на Инфективната клиника, двајца се критични, а за уште тројца се чекаат резултати.

ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ СО ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА: Уште три лица чекаат резултати

На Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани седум пациенти со лабораториски потврдена западнонилска треска. Двајца од нив, на возраст од 76 и 66 години, се во критична состојба и се лекуваат на одделот за интензивна нега. Пациентите се приклучени на механичка вентилација, информираше директорот на Клиниката, Фадил Цана.

Уште тројца пациенти чекаат резултати

За уште тројца пациенти со акутно заболување на мозокот се очекуваат резултатите од испитувањата што ги врши Институтот за јавно здравје. Сите седум досега потврдени случаи се од скопски населби, а само еден од заразените претходно патувал во Грција.

Останатите пациенти се во стабилна состојба

Хоспитализираните лица се постари од 60 години и имаат хронични заболувања. Останатите петмина пациенти се во стабилна состојба и се лекуваат во согласност со утврдените медицински протоколи. Од Клиниката за инфективни болести апелираат граѓаните да ги следат препораките и известувањата на надлежните здравствени институции.