Свет
Дознај прв
ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ПАД НА АВИОН ВО ХРВАТСКА: Остатоците пронајдени на Велебит
Две лица загинаа во пад на ултралесен авион над Велебит. Остатоците и телата на жртвите се пронајдени во Националниот парк Пакленица.

Авион исчезнал од радарот
Две лица загинаа во пад на ултралесен авион кој вчера исчезнал од радарот над Велебит во Хрватска. Остатоците од леталото и телата на жртвите биле пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапна област на Националниот парк Пакленица. Во големата спасувачка операција учествувале околу 35 припадници на Хрватската планинска спасувачка служба. Спасувачите по пристигнувањето на локацијата потврдиле дека во авионот се пронајдени две тела.
Леталото патувало кон Задар
Хрватската контрола на воздушниот сообраќај претходно соопштила дека контактот со авионот со регистрација D-KWZE бил изгубен во 16:14 часот, на околу 17 наутички милји североисточно од Задар. Леталото патувало од Чешка кон Задар, кога му се изгубил сигналот. Во моментот на несреќата временските услови во делови од Хрватска биле лоши поради силна бура. Од Хрватската планинска спасувачка служба сепак велат дека не сакаат да шпекулираат дали невремето е причина за падот, а околностите допрва треба да бидат утврдени.
