Економија
Дознај прв
ЕВРОПСКАТА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА НОСИ НОВ РИЗИК: Ќе поскапат ли сметките за струја во Македонија?
Македонскиот енергетски систем засега е стабилен, но зависноста од увоз и растот на европските берзански цени може да ги погоди индустријата и цените.

Домашниот електроенергетски систем засега е стабилен
Долготрајните горештини и ниските водостои на европските реки го намалија производството од хидроелектраните и го ограничија работењето на дел од нуклеарните централи, додека потрошувачката на струја расте поради разладувањето. Од Министерството за енергетика уверуваат дека македонскиот систем засега е стабилен, а акумулациите се исполнети околу 70 проценти. Во мај домашното производство достигнало 462.653 мегават-часови, со што биле покриени 96,5 проценти од потрошувачката. Производството од хидроелектраните било зголемено за 76 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Најголем ризик за компаниите на слободниот пазар
Македонија, сепак, и натаму зависи од увоз, поради што поскапувањата на регионалните берзи најпрво може да ги почувствуваат индустријата и големите потрошувачи. За домаќинствата влијанието е ограничено поради регулираната цена, па во моментов нема непосредна најава за повисоки сметки. Поскапата електрична енергија на европските пазари, сепак, може индиректно да предизвика дополнителен раст на цените на производите и услугите. Надлежните оценуваат дека сегашната состојба не е причина за аларм, но предупредува дека се потребни поголеми инвестиции во домашно производство, обновливи извори и системи за складирање енергија.
