Скопје
Дознај прв
ГЕРАСИМОВСКИ СО ОДГОВОР ДО ЗНАМ И ЛЕВИЦА: „Нема цензура, туку политички театар“
Горан Герасимовски ги отфрли обвинувањата за цензура на седницата на Советот на Центар и вели дека прекинот бил поради технички проблем.

Герасимовски тврди дека имало технички проблем
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од ЗНАМ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на снимката од седницата на Советот. Тој тврди дека прекинот во преносот во живо на Јутјуб-каналот на Општина Центар бил предизвикан од технички проблем, односно прекин на интернет-врската. Герасимовски порача дека нема обид за прикривање на дел од седницата. Според него, темата „Батурана“ била јавно разгледувана и на седници на Советот и на јавна презентација пред граѓани.
„Се обидуваат од технички проблем да создадат политичка тема“
Герасимовски посочува дека ставовите и изјавите на советниците за оваа тема се јавно достапни и дека ништо не било избришано или сокриено. Тој оценува дека претставувањето на прекинот на интернет-врската како цензура претставува манипулација со јавноста. Градоначалникот ги обвини ЗНАМ и Левица дека од техничкиот проблем се обидуваат да создадат политичка тема и, како што наведува, „глумат жртви“ за собирање политички поени.
