Магазин

ИЛЈАДНИЦИ РАБОТНИЦИ ВО СТРАВ: BMW отпушта, „Ауди“ може да затвори фабрика со 15.000 вработени

BMW планира доброволно заминување на 8.000 вработени, додека 15.000 работници во фабриката на „Ауди“ во Некарсулм стравуваат од нејзино затворање по 2030 година.

ИЛЈАДНИЦИ РАБОТНИЦИ ВО СТРАВ: BMW отпушта, „Ауди“ може да затвори фабрика со 15.000 вработени

BMW почнува со масовни кратења

Германскиот автомобилски гигант BMW договорил програма за доброволно заминување на околу 8.000 вработени, главно во Германија. Кратењето треба да започне во октомври 2026 година и да заврши до крајот на 2027 година, а ќе ги опфати администрацијата, менаџментот, истражувањето, развојот и планирањето. Работниците што се директно вклучени во производството засега нема да бидат дел од програмата. Околу 40.000 лица би можеле да добијат понуда за доброволно заминување со отпремнина, додека BMW има приближно 150.000 вработени во светот.

Неизвесна иднината на фабриката на „Ауди“

Истовремено, околу 6.000 работници протестираа пред фабриката на „Ауди“ во Некарсулм, барајќи гаранција дека погонот нема да биде затворен по 2030 година. Во фабриката работат околу 15.000 луѓе и се произведуваат моделите A5, A6, A8 и електричниот e-tron GT, но капацитетите не се целосно искористени. Раководството предупредило дека иднината на погонот не е сигурна доколку не добие нова производствена намена. Германската автомобилска индустрија се соочува со послаба продажба во Кина, американски царини, високи трошоци и растечка конкуренција од азиските производители на електрични возила. Со намалување на работни места и трошоци веќе се соочуваат и „Фолксваген“, „Мерцедес-Бенц“ и „Порше“.

ОЗНАКИ: bmw АУДИ