Спорт

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА МАКЕДОНСКИОТ КИКБОКС: Бобан Илиоски потпиша за GLORY

Бобан Илиоски потпиша договор со GLORY Kickboxing и стана првиот македонски кикбоксер кој потпишал за најголемата светска организација.

ИСТОРИСКИ ДОГОВОР ЗА МАКЕДОНСКИОТ КИКБОКС: Бобан Илиоски потпиша за GLORY

Македонскиот борец го оствари долгогодишниот сон

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY Kickboxing, најголемата светска организација во кикбоксот. Илиоски овој момент го опиша како еден од најголемите чекори во својата кариера и како остварување на долгогодишниот сон. Тој истакна дека со договорот не го остварува само својот личен сон, туку испишува и нова страница во македонскиот кикбокс. Зад големиот успех, како што вели, стојат безброј тренинзи, жртви, откажувања, падови и моменти во кои морал да продолжи и кога било најтешко. Посебна благодарност упати до своето семејство, тренерите, пријателите и сите кои верувале во него и го поддржувале низ годините.

Илиоски: Ова е само почеток

Илиоски порача дека неговиот успех треба да биде мотив и за младите македонски кикбоксери кои сонуваат за настап на најголемата сцена. Тој нагласи дека со работа, дисциплина, жртва и верба во себе, соништата можат да станат реалност, додавајќи дека сега е време македонското име да се слушне на најголемата кикбокс сцена во светот. „Јас сум првиот кикбоксер од Македонија што потпиша за GLORY“, порача Илиоски.