Свет
Дознај прв
ИТАЛИЈА БАРА ШПАНИЈА ДА БИДЕ СУСПЕНДИРАНА ОД ШЕНГЕН: Илјадници мигранти влегоа во Сеута
Италија побара суспензија на Шпанија од Шенген откако меѓу 2.000 и 3.000 мигранти ја преминале границата на Сеута, а девет лица загинале.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека се залага за суспендирање на Шпанија од шенгенскиот простор, по масовното пристигнување мигранти во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. Тој преку платформата „Икс“ порача дека го поддржува затворањето на шенгенскиот простор кон Шпанија. Тајани го осуди приливот, оценувајќи го како нерегуларна и неконтролирана миграција.
Меѓу 2.000 и 3.000 лица ја преминале границата – ВИДЕО
Мигрантите допливале од мароканската страна и ја преплавиле границата на Сеута, совладувајќи ги крајбрежните полициски сили. Според шпанската државна телевизија, границата ја преминале меѓу 2.000 и 3.000 млади луѓе. Новинската агенција „ЕФЕ“ објави дека стотици лица ја преминале и заштитната ограда, која во тој момент не била под полициски надзор.
Загинале девет мигранти
Шпанската цивилна гарда соопшти дека во инцидентот загинале девет мигранти. Поради настаните, шпанските вооружени сили испратиле дополнителни 60 војници како засилување на полицијата. Сеута и Мелилја ја претставуваат единствената копнена граница на Европската Унија со Африка и повремено се соочуваат со големи бранови мигранти кои се обидуваат да стигнат до Европа.
