Скопје
Дознај прв
КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ЌЕ ДОБИЕ НОВА КЛИНИКА: Догодина се планираат роботски операции на ’рбет, колк и колено
Клиничкиот центар до крајот на годинава треба да добие нова клиника за интензивна нега, а догодина се планира воведување роботски операции.

Клиничкиот ќе биде и за интензивна нега
Клиничкиот центар до крајот на годинава треба да добие нова Клиника за интензивно лекување и реанимација во рамки на Клиниката за ТОАРИЛУЦ. Целта е пациентите да добиваат интензивна нега според европски и светски стандарди, најави д-р Игор Мерџаноски.
Роботиката прво за операции на ’рбет
Следниот чекор е воведување роботика во операционите сали, со план системот најпрво да се користи при операции на ’рбетниот столб. Потоа роботската технологија треба да се надгради и за операции на колк и колено. Клиниката веќе имала презентации од неколку компании, а со Фондот за здравствено осигурување се разговара и за обезбедување средства за опремата. Според Мерџаноски, ваквата роботика и навигација би можеле да придонесат Клиниката да стане регионален центар за лекување на овие заболувања.
