Спорт
Дознај прв
КЛУБОТ НА РОНАЛДО ВО СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ: Ал-Наср должи над 800 милиони ријали
Ал-Наср должи над 800 милиони саудиски ријали, а финансиската криза ги блокира трансферите. ПИФ разгледува и делумна продажба на клубот.

Саудискиот фудбалски клуб Ал-Наср, во кој настапува Кристијано Роналдо, се соочува со долгови поголеми од 800 милиони саудиски ријали. Финансиската криза директно влијаела врз плановите на клубот, кој во досегашниот дел од летниот трансферски период не реализирал ниту едно засилување. Според саудискиот весник „Арријадија“, проблемите се последица на финансиски одлуки донесени во текот на минатата сезона.
Кризата ги блокира новите трансфери
Ал-Наср постигнал договор за ангажирање на португалскиот фудбалер Саму Коста од Мајорка, но поради финансиските ограничувања трансферот сè уште не може да биде завршен. Нерешено останува и прашањето за продолжување на договорот на Абдулрахман Гариб. Сопственикот на клубот, саудискиот Фонд за јавни инвестиции – ПИФ, веќе ограничил дел од овластувањата на раководството за да спречи дополнително зголемување на долгот.
Се разгледува делумна продажба на клубот
ПИФ разгледува три можни решенија, меѓу кои ангажирање финансиски и правни консултанти, намалување на трошоците и зголемување на комерцијалните приходи. Како трета опција се споменува продажба на дел од Ал-Наср, а наводно веќе постојат две сериозни понуди за преземање на клубот. Навивачите се надеваат дека промените ќе помогнат во стабилизирање на финансиите и повторно ќе му овозможат на тимот да ангажира нови фудбалери.
