Свет

АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ТОЛПА ВО БЕРЛИН: Една жена загина, 16 лица се повредени

Една жена загина, а 16 лица се повредени откако автомобил влета во толпа за време на Парадата на гордоста во Берлин. Полицијата трага по 21-годишен осомничен.

АВТОМОБИЛ ВЛЕТА ВО ТОЛПА ВО БЕРЛИН: Една жена загина, 16 лица се повредени

Една жена загина, а 16 лица се повредени откако автомобил влета во толпа за време на Парадата на гордоста во Берлин. Инцидентот се случил во саботата вечерта во паркот Тиргартен, во близина на Бранденбуршката порта. Тројца од повредените се во животна опасност, осуммина се тешко повредени, додека пет лица се здобиле со полесни повреди.

Возилото удрило во дрво, осомничениот побегнал

Според првичните информации, белото возило удрило во повеќе луѓе, а потоа завршило во дрво. Полицијата го пронашла возилото празно, бидејќи лицето кое управувало со него побегнало пеш од местото. Германските власти идентификувале 21-годишен осомничен, кој наводно ѝ бил познат на полицијата и се поврзува со исламистички кругови во Берлин. Граѓаните се предупредени да не му се приближуваат, бидејќи се смета дека може да биде вооружен и опасен.

Откажана завршната програма на парадата

По инцидентот била прекината завршната програма на Парадата на гордоста, а учесниците биле повикани да го напуштат подрачјето. Полицијата истражува и информации дека дел од жртвите можеби биле нападнати со остар предмет, но точниот тек и мотивите сè уште не се целосно утврдени. Во потрагата и обезбедувањето на градот биле ангажирани повеќе од 2.200 полициски службеници.

ОЗНАКИ: Берлин