Регион

Крадециска авантура во музеј во Франција: Зеле четири слики, една ја испуштиле додека бегале

Двајца крадци провалиле во музејот на Реноар во Франција и украле четири слики, но една ја испуштиле додека бегале од полицијата.

Крадециска авантура во музеј во Франција: Зеле четири слики, една ја испуштиле додека бегале

Двајца крадци рано утрово провалиле во Музејот на Реноар во Кањ-сир-Мер, на Азурниот Брег, од каде што се обиделе да украдат четири уметнички дела.

Полицијата тргнала по нив во Франција

Крадците влегле во музејот нешто пред 6 часот наутро, но набрзо биле забележани од полицијата. При бегството успеале да се оддалечат, но една од украдените слики им паднала од раце, па од музејот успеале да изнесат три дела.

Градоначалникот на Кањ-сир-Мер, Брајан Масон, го потврдил грабежот и случајот го објавил на социјалните мрежи. Полицијата продолжува со потрагата по осомничените и украдените уметнички дела.

Нов тренд во кражбите на уметнички дела

Грабежот се случува во период кога Европол предупредува дека кражбите на уметнички дела стануваат сè понасилни. Според агенцијата, специјализираните криминални групи сè почесто ги заменуваат аматери и опортунисти кои се регрутираат преку социјалните мрежи.

Европол како еден од примерите го наведува и големиот грабеж во Лувр во Париз минатата година, кога бил украден накит вреден околу 88 милиони евра.

ОЗНАКИ: Франција