Македонија
Дознај прв
МАКЕДОНСКИОТ РУБИН ДОБИВА НОВА ЗАШТИТА: Ќе се сертифицира неговото потекло и автентичност
Македонскиот рубин добива системска заштита, сертификација и меѓународна промоција преку нов механизам за потврдување на неговото потекло.

Се воведува систем за заштита на Македонскиот рубин
Македонскиот рубин влегува во нова фаза на институционална заштита, сертификација и меѓународна промоција. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше стручна Комисија која ќе работи на воспоставување систем за негово препознавање и заштита. Предвидено е да се воведе систем на сертификација и следливост со кој ќе се потврдуваат автентичноста и потеклото на македонскиот рубин, а истовремено ќе се спречат злоупотребите на неговото име.
Целта е рубинот да стане препознатлив и во странство
Во процесот ќе бидат вклучени Министерството, Владата, академската заедница, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Геолошкиот завод. Посебен акцент ќе биде ставен на научната верификација, дефинирањето критериуми за идентификација и сертификација и заштитата на потеклото. Македонскиот рубин е разновидност на минералот корунд, препознатлив по својата карактеристична малиново-розева боја и ограничената географска распространетост. Со новиот систем се очекува да добие поголема препознатливост и вредност, како и посилна меѓународна афирмација како природно богатство со македонско потекло.
