Македонија

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА: За незаконско поставување плоча само на албански јазик

Рамиз Мерко е казнет со 5.000 евра за незаконското поставување на мермерна плоча на зградата на Општина Струга.

МЕРКО КАЗНЕТ СО 5.000 ЕВРА: За незаконско поставување плоча само на албански јазик

Плочата била поставена на зградата на Општина Стга

Рамиз Мерко е казнет со парична казна од 5.000 евра за незаконското поставување на мермерна плоча на зградата на Општина Струга. Плочата, испишана само на албански јазик, била поставена на влезот од општинската зграда и таму стоела околу пет месеци.

Мерко тврдеше дека не бил поврзан со поставувањето

На судењето Мерко изјавил дека немал никаква врска со поставувањето на плочата и дека за неа дознал откако дошле државни инспектори од Министерството за култура. Според неговото сведочење, плочата ја поставило Здружението на албански пензионери по повод Денот на албанската азбука. Судот, сепак, оценил дека одговорноста е кај Мерко како тогашен градоначалник, бидејќи плочата била поставена на објектот на општината без почитување на соодветната процедура.

фото -алфа вести