Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) ИТАЛИЈА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА ВО УЧИЛИШТАТА: Мелони најави забрана за бурки и никаби
Џорџа Мелони најави забрана за бурки и никаби во италијанските училишта, ограничување на странски ученици и задолжително учење италијански за дел од родителите.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави нов пакет мерки во образованието, кој предвидува забрана за носење бурки и никаби во училиштата, како и законско ограничување на бројот на странски ученици во една паралелка.
Мелонич – Нови правила за странските ученици
Мелони најави дека мерката ќе биде доставена до Советот на министри, а предвидува и задолжително изучување на италијанскиот јазик за родители на странски ученици кои имаат сериозни потешкотии со интеграцијата во училишниот систем. Таа порача дека оние кои живеат во Италија треба да го изучуваат јазикот, да ја разберат културата и да ги почитуваат правилата на земјата.
Забраната сè уште не е закон
Точниот број на странски ученици што би бил дозволен во една паралелка засега не е прецизиран. Во Италија веќе постои правило со кое се предвидува ориентир од 30 проценти странски ученици во одредени услови, но новата владина иницијатива треба да воспостави законска рамка. Предлозите допрва треба да поминат низ законската процедура, што значи дека мерките во овој момент се најави, а не стапиле на сила.
View this post on Instagram