Хроника

300.000 ДЕНАРИ ОДЗЕМЕНИ ОД 88-ГОДИШНИК ВО СТРУГА: Двајца велешани осомничени за измама

Двајца велешани се осомничени дека измамиле 88-годишник во Струга и му одзеле 300.000 денари, оставајќи му празна чанта.

300.000 ДЕНАРИ ОДЗЕМЕНИ ОД 88-ГОДИШНИК ВО СТРУГА: Двајца велешани осомничени за измама

Му ветиле награда во Струга , па му оставиле празна чанта

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против две лица од Велес поради сомнение дека измамиле 88-годишен жител на Струга. Станува збор за А.С.(67) и Д.С.(42), кои според полицијата на 6 август го довеле старецот во заблуда и му одзеле 300.000 денари. Тие му побарале да им донесе пари, со објаснување дека средствата му биле потребни за да ја види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе биде награден. Откако им ги предал парите, осомничените му дале чанта како гаранција и му кажале дека во неа има околу 10.000 евра. Двете лица потоа заминале, ветувајќи дека ќе се вратат по половина час. Кога тоа не се случило, 88-годишникот се упатил дома и при отворањето на чантата сфатил дека во неа нема пари и дека бил измамен. По целосното документирање на случајот ќе следува понатамошна постапка против пријавените.

ОЗНАКИ: Струга