Македонија
Дознај прв
МИЦКОСКИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО МАРКОВСКИ: „Ова нема да заврши вака, лично ќе го следам“
Мицкоски најави истрага за враќањето на пасошот на Борче Марковски и порача дека лично ќе го следи случајот, кој, според него, нема вака да заврши.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека лично ќе го следи случајот со враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски, кој е обвинет за злоупотреби поврзани со јавна набавка. Според Мицкоски, во постапката имало груба манипулација од јавен обвинител поврзан со Вишото јавно обвинителство. Тој порача дека случајот нема да заврши на овој начин и очекува да биде спроведена истрага.
Различни документи во Обвинителството
Мицкоски тврди дека Јавното обвинителство располагало со извештај кој се разликувал од записникот приложен од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според него, надлежните институции мора да утврдат како дошло до оваа разлика и кој е одговорен за постапувањето. Премиерот нагласи дека лично ќе го следи натамошниот развој на случајот.
Марковски заминал во Србија
Почесниот конзул на Белорусија, Борче Марковски, ја напуштил Македонија откако Основниот суд во Струга му го вратил пасошот. Тој е меѓу обвинетите за кривични дела поврзани со јавната набавка за дислокација на погонски станици од ТЕЦ „Осломеј“ во РЕК „Битола“. Неговиот адвокатски тим соопшти дека Марковски не е во бегство, туку заминал во Србија поради работни обврски во фирма што ја има таму.
