Македонија
Дознај прв
ФИЛИПЧЕ: Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар
Венко Филипче ги отфрли обвинувањата на Мицкоски и порача дека во негово време немало труење со вода ниту епидемија во Гостивар.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли обвинувањата дека во периодот кога бил министер за здравство јавноста не била информирана за случаи на неисправна вода. Тој изјави дека во негово време немало ниту труење со вода ниту епидемија во Гостивар. Филипче го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека во јавноста покажува документи, но не презема конкретни активности за надминување на состојбата.
Венко Филипче : Реакциите на институциите задоцнија
Според Филипче, состојбата со водата во Гостивар покажува дека реакциите на институциите доаѓаат со задоцнување. Тој оцени дека препораките за рано откривање симптоми и пациенти се носат откако епидемијата веќе добила сериозни размери. Филипче повторно предупреди дека како можна последица од загадената вода може да се појави и хепатит, а од надлежните побара јасен план за превентивните мерки.
Бара одговори за техничката вода
Лидерот на СДСМ побара објаснување и за препораките граѓаните и угостителските објекти да користат техничка вода. Тој праша од каде потекнува таа вода, кој ја контролира и дали е безбедна за користење при подготовка и миење на храната. Според Филипче, водата загадена со колиформни бактерии може да биде небезбедна не само за пиење туку и за други секојдневни потреби, поради што институциите мора да дадат прецизни и навремени информации.
