Македонија

МУХАМЕДИ СО ПОФАЛБИ ЗА МУЦУНСКИ: Компетентни млади добиваат шанса без партиски условувања

МУХАМЕДИ СО ПОФАЛБИ ЗА МУЦУНСКИ: Компетентни млади добиваат шанса без партиски условувања

Младиот адвокат и политички аналитичар Умејр Мухамеди упати пофални зборови за министерот Тимчо Муцунски, откако сподели искуство на негова познаничка. Според Мухамеди, станува збор за млада и компетентна девојка, дипломирана во Соединетите Американски Држави. Таа му раскажала дека пред неколку дена била контактирана од кабинетот на Муцунски, со цел да ѝ помогнат да најде соодветен професионален ангажман. При разговорот, како што наведува Мухамеди, воопшто не било поставено прашање за нејзината партиска припадност или за кого би гласала. Тој додаде дека слушнал оти биле контактирани и други квалитетни млади луѓе. Мухамеди оцени дека ваквиот пристап позитивно го изненадил и изрази надеж дека примерот ќе го следат и останатите министри. Според него, задржувањето на секој чесен и способен млад човек во земјата претставува победа за целото општество и придонес кон зачувувањето на Македонија.