Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНЦИЈА ДЕКА ИВА МИХАЈЛОВА ЈА НАПУШТИЛА МАКЕДОНИЈА: Адвокатот затекнат, Демократски сојуз бара истрага

МВР нема евидентиран излез на Ива Михајловаво Бугарија. Нејзиниот адвокат вели дека немало судска дозвола, а Демократски сојуз бара истрага.

МВР НЕМА ЕВИДЕНЦИЈА ДЕКА ИВА МИХАЈЛОВА ЈА НАПУШТИЛА МАКЕДОНИЈА: Адвокатот затекнат, Демократски сојуз бара истрага

Министерството за внатрешни работи нема евидентиран излез од државата на Ива Михајлова, која замина во Бугарија за лекување, иако според објавените информации била на стоп-листата. Нејзиниот македонски адвокат Насер Рауфи изјави дека и самиот бил затекнат од информацијата, нагласувајќи дека немало дозвола од Судот за нејзино заминување.

Михајлова тврди дека границата ја поминала легално

Михајловаза бугарските медиуми изјавила дека границата ја преминала со лични документи и дека граничните службеници ја провериле и ја пропуштиле. Таа треба да добие медицинска помош во болницата „Пирогов“ во Софија, а засега не е познато колку долго ќе остане во Бугарија. Од МВР се вршат проверки за да се утврди како ја преминала границата и зошто во системот нема евидентиран излез.

Демократски сојуз бара да се утврди одговорност

Демократскиот сојуз побара итна истрага од МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство за да се провери дали имало пропусти или евентуална помош од службени лица. Партијата бара да се утврди како Михајловаја напуштила земјата и покрај судските мерки, како и дали некој учествувал во организирањето на нејзиното заминување. Случајот се случува во период кога претходно беше најавено дека бугарски медицински специјалисти ќе дојдат во Македонија за да ја проценат нејзината здравствена состојба.