Колумни
Дознај прв
КОЈ ЛАЖЕ? Бугарскиот адвокат на Ива Михајлова, вчера на македонската граница излегол со уште едно машко лице, а Ива не била на седиштата во автомобилот

Ива Михајлова од Кочани утрово во изјава за медиумите тврдела дека легално ја напуштила Македонија, користејќи лична карта. Нејзината изјава доаѓа откако во јавноста се отворија прашања за начинот на кој пристигнала во Бугарија, каде што моментално се наоѓа во болницата „Пирогов“ во Софија. Според информациите објавени од „Слободен печат“, нејзиниот бугарски адвокат вчера ја преминал македонската граница со уште едно машко лице, а Михајлова не била на седиштата во автомобилот.
Ова отвора прашања за тоа дали и на кој начин таа ја преминала границата, особено по информациите дека за неа имало забрана за напуштање на државата. Михајлова е поврзана со судска постапка по тешката сообраќајна несреќа кај Кочани, во која имаше и загинати лица од другото возило. Додека таа тврди дека заминала легално со лична карта, останува да се разјаснат околностите за нејзиното заминување од Македонија. Бугарското Министерство за внатрешни работи најави дека ќе проверува како ја преминала границата.
Извор: Слободен печат
