Скопје
Дознај прв
Новото име на салата во СЦ „Борис Трајковски“ е „Т Арена“
Големата сала во СЦ „Борис Трајковски“ е ребрендирана во „Т Арена“ по договорената соработка со Македонски Телеком.

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и Македонски Телеком склучија партнерство, со кое големата спортска сала е ребрендирана и го доби името „Т Арена“. Во рамки на соработката, центарот добил нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на брендот „Т“. Од раководството очекуваат партнерството да придонесе за подобрување на условите за функционирање на салата и за привлекување нови спортски, културни и забавни настани.
„Т Арена“ ќе биде отворена со голем настан
Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, изјави дека покрај визуелното уредување на надворешниот и внатрешниот простор, соработката треба да донесе и подобри услови во салата. Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, најави дека отворањето на „Т Арена“ ќе биде одбележано со голем настан на 2 септември. Настанот ќе биде дел од одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија.
Аквапаркот би можел да проработи следната година
Во состав на Спортскиот центар се наоѓаат и помала спортска сала, лизгалиште, базен и аквапарк. Апостолоски изрази очекување дека аквапаркот ќе биде ставен во функција следната година. Базенот во моментов не работи поради оштетувањето на покривот предизвикано од силното невреме што неодамна го зафати Скопје.
