Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) МЛАДИ СКОПЈАНИ ВО КАНЏИТЕ НА НАРКО-БАНДИТЕ: Освен Танасковски, биле регрутирани уште 20 момчиња од Скопје за криминал во Србија и Црна Гора?

Деветнаесетгодишниот скопјанец Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ, откако речиси една година се бараше поради сомнение за обид за убиство на високорангиран член на ривалска криминална група во Будва.
Според прилогот на Телма ТВ, Танасковски се криел во сигурна куќа поврзана со црногорски криминален клан, а по приведувањето му бил определен краткотраен притвор. Случајот отвора прашање дали тој е дел од поширока група млади скопјани што биле регрутирани од криминалните нарко-банди во соседството. Телма, повикувајќи се на свои сознанија, објавува дека станува збор за уште дваесетина млади момчиња од Скопје кои биле ангажирани за криминални активности во Србија и Црна Гора.
Танасковски се сомничи за нападот од август минатата година врз Марко Љубиша, познат како Кан, кој се поврзува со „шкаљарскиот клан“. Истрагата треба да утврди кој ги регрутирал младите, какви задачи добивале и колкав е вистинскиот обем на оваа криминална мрежа. Во продолжение погледнете го целиот прилог на Телма ТВ.
View this post on Instagram
