Македонија
Дознај прв
ОЈО СКОПЈЕ ОТВОРИ ИСТРАГА: Гинеколог физички нападнат во поликлиниката „Букурешт“
ОЈО Скопје отвори истрага против лице осомничено дека физички нападнало и му се заканувало на гинеколог во поликлиниката „Букурешт“.

Осомничениот му се заканувал и му нанел повеќе удари во поликлиниката „Букурешт“
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Насилство“, по физичкиот напад врз лекар-гинеколог во приватна ординација во рамки на поликлиниката „Букурешт“. Според досега обезбедените докази, инцидентот се случил на 16 септември, додека лекарот ги извршувал своите работни обврски. Осомничениот, според Обвинителството, му упатувал закани и му нанел повеќе удари на лекарот, предизвикувајќи чувство на несигурност, загрозеност и страв и кај останатите присутни во ординацијата. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост. Меѓу предложените мерки е и забрана осомничениот да му се приближува на оштетениот лекар и на ординацијата. Случајот се однесува на гинекологот Дејан Огненовиќ, за кого Лекарската комора претходно побара брзо расчистување на случајот и соодветно санкционирање на сторителот.
Лекарската комора претходно побара реакција
Од Лекарската комора порано укажаа дека насилството врз здравствените работници е неприфатливо и побараа институциите да постапат по случајот. Истражната постапка сега треба да ги утврди сите околности поврзани со нападот и евентуалната кривична одговорност.
