Македонија

ОТВОРЕНА 38. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Поети од шест земји дел од фестивалот

Отворено е 38. издание на „Поетска ноќ во Велестово“, со поетски читања, изложба и гости од шест европски земји.

ОТВОРЕНА 38. ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО: Поети од шест земји дел од фестивалот

Поетски портрет и интернационално читање

Со настап на Иван Христов на кавал и Петар Чухов на гитара синоќа беше отворено 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“. На отворањето беше претставен поетски портрет на македонскиот поет Јовица Ивановски, по што следеше интернационалното поетско читање „Имаго“. На фестивалот настапија поети од Ирска, Хрватска, Бугарија, Романија, Црна Гора и Србија, а вечерта заврши со отворање на изложбата „Флора“ на академската сликарка Ивана Настоски.

Фестивалската програма на „Поетска ноќ во Велестово“ продолжува

Програмата денеска продолжува во „Арт поинт – гумно“ во Слоештица со поетско матине и проекција на филмот „Крајолици на човештината“ од чешката режисерка Јана Хунтерова. Вечерната програма се сели во охридскиот Лапидариум, каде од 20 часот ќе се одржи промоција на две поетски книги, а од 21 часот следува интернационалното читање „Мозаик“. На него ќе настапат поети од Ирска, Србија, Хрватска, Бугарија, Романија и Македонија. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Охрид и Комерцијална банка.

ОЗНАКИ: Велестово