Македонија

ПЕТТА ЖРТВА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина 73-годишен скопјанец

Во Македонија е регистрирана петта жртва од западнонилска треска. Почина 73-годишен скопјанец, а 21 пациент е хоспитализиран.

ПЕТТА ЖРТВА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина 73-годишен скопјанец

Пациентот 22 дена бил на Инфективна клиника

Уште еден пациент почина од западнонилска треска во Македонија, со што бројот на смртни случаи од оваа инфекција се искачи на пет. Станува збор за 73-годишен пациент од Скопје, од Долно Лисиче, кој 22 дена бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Директорот на Клиниката, Фадил Цана, информираше дека пациентот уште при приемот бил во многу тешка состојба и имал сериозни придружни заболувања. Тој бил лекуван на Одделот за интензивно лекување и бил ставен на респираторна поддршка.

21 пациент хоспитализиран, четворица во тешка состојба

Во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 21 пациент, од кои кај 18 е потврдена инфекција со вирусот и невроинвазивна форма на заболувањето, додека тројца се суспектни. Уште четворица пациенти се во тешка општа состојба и се лекуваат на интензивна нега, а останатите се на Одделот за невроинфекции. Цана посочи дека сите хоспитализирани пациенти имаат невроинвазивна форма, при која вирусот го зафаќа нервниот систем, а кај околу 80 отсто од потенцијално инфицираните лицата инфекцијата поминува без симптоми или со лесна клиничка слика.