Хроника
Дознај прв
ПОЧИНА ЈОВАН ПАВЛОВСКИ: Македонија се збогува со познатиот писател и новинар

Македонија се збогува со Јован Павловски
Почина Јован Павловски, еден од значајните македонски писатели, новинари и публицисти. За неговата смрт информираше Друштвото на писателите на Македонија, од каде соопштија дека Павловски починал во 89-тата година од животот. Тој беше поет, раскажувач, романсиер, публицист и енциклопедист, со долгогодишен придонес во македонската литература и култура. Павловски беше член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 година, а во повеќе наврати бил и негов претседател.
Богато книжевно и новинарско наследство
Павловски беше долгогодишен новинар и уредник во „Нова Македонија“, како и нејзин дописник од Париз и Москва. Работел и како професор по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Роден е на 10 септември 1937 година во Тетово, а зад себе остави богат книжевен опус. Автор е на повеќе збирки поезија, романи, раскази, дела за деца и млади, есеи и енциклопедии. Неговото творештво претставува важен дел од современата македонска книжевност и културна меморија.
