Дознај прв
ПОЛСКАТА ПОЛИЦИЈА ИСТРАЖУВА МОЖЕН АТЕНТАТ ВРЗ ТУСК: Добиена дојава за потенцијален напад
Полската полиција добила дојава за можен атентат врз премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана. Безбедносните служби одржаа итна средба.

Полската полиција добила дојава за можен обид за атентат врз премиерот Доналд Туск. Случајот предизвикал безбедносна загриженост, а надлежните служби треба да ги проверат информациите и околностите поврзани со потенцијалната закана.
Закана покрај Туск и за министерот за одбрана
Според информациите од полските власти, пријавата се однесува и на вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Косинијак-Камиш. Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Каролина Галецка, соопшти дека министерот за внатрешни работи Марчин Кјервински и координаторот на специјалните служби Томаш Семоњак наредиле преземање мерки по добиената информација.
Итна средба на безбедносните служби
Во Варшава е свикана итна средба на претставници на полицијата, Службата за државна заштита и Агенцијата за внатрешна безбедност. Засега не се објавени детали за природата на заканата, нејзиниот извор или евентуални осомничени лица, а властите не соопштиле дека е откриен конкретен план за напад.
