Магазин

„ПРОКЛЕТСТВОТО НА ДРЕЈК“ ПОВТОРНО УДРИ: Раперот изгуби 1,5 милиони долари по поразот на Аргентина

Дрејк изгуби 1,5 милиони долари откако се обложи дека Аргентина ќе ја победи Шпанија во финалето на Светското првенство.

„ПРОКЛЕТСТВОТО НА ДРЕЈК“ ПОВТОРНО УДРИ: Раперот изгуби 1,5 милиони долари по поразот на Аргентина

Канадскиот рапер Дрејк изгуби 1,5 милиони долари откако се обложи дека Аргентина ќе ја победи Шпанија во финалето на Светското првенство.

Тој непосредно пред натпреварот објавил фотографија од облогот, со кој ја поддржал аргентинската репрезентација да слави во регуларните 90 минути.

Можел да добие повеќе од пет милиони долари

Доколку Аргентина победеше во регуларниот дел од натпреварот, Дрејк ќе добиеше исплата од околу 5,1 милиони долари.

Сепак, финалето заврши со победа на Шпанија од 1:0 по продолженијата, со што раперот останал без вложените 1,5 милиони долари.

По новиот неуспешен облог, на социјалните мрежи повторно се актуализираше изразот „проклетството на Дрејк“.

Станува збор за популарно суеверие меѓу спортските навивачи, според кое тимовите и спортистите што јавно ги поддржува раперот често губат важни натпревари.

Слично му се случи и во 2022 година

Дрејк се обложил на Аргентина и во финалето на Светското првенство во 2022 година против Франција.

И тогаш неговиот облог бил за победа во регуларното време, но натпреварот продолжил по нерешениот резултат, по што Аргентина ја освоила титулата на пенали, а раперот сепак го изгубил облогот.

Новиот пораз повторно го стави Дрејк во центарот на вниманието поради неговите високи и често неуспешни спортски облози.

ОЗНАКИ: ДРЕЈК