Македонија
Дознај прв
ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ТОПЛО: Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Променливо облачно и топло време со температури до 33 степени. Попладне на места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите до 33 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Попладне на места ќе има повремени локални врнежи од дожд, а ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималните температури ќе достигнат до 33 степени. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје попладне нестабилно
Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а попладне во делови од котлината се очекуваат повремени врнежи од дожд. Можно е да има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во периодите на поголема нестабилност.
