Свет

РЕКОРДЕН РАЗВОД ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Милијардер мора да ѝ даде 35 отсто од компанијата на поранешната сопруга

Јужнокорејски милијардер мора на поранешната сопруга да ѝ префрли 35 отсто од компанијата и да ѝ исплати 65 милијарди вони.

РЕКОРДЕН РАЗВОД ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: Милијардер мора да ѝ даде 35 отсто од компанијата на поранешната сопруга

Јужнокорејски суд му наложи на милијардерот Квон Хјук-бин, основач на компанијата за видео игри „Смајлгејт“, да ѝ префрли 35 отсто од акциите на својата поранешна сопруга и да ѝ исплати дополнителни 65 милијарди вони во готово. Вредноста на целокупната спогодба по разводот надминува 2 трилиони вони, односно околу 1,5 милијарди долари, што претставува најголема поделба на имот по развод во историјата на Јужна Кореја. Акциите што треба да ги добие поранешната сопруга се проценети на околу 2,5 трилиони вони. Случајот трае од 2022 година, кога таа поднела барање за развод и побарала половина од уделот на Квон во компанијата. Таа тврдела дека придонела во основањето и раното управување со „Смајлгејт“, како и дека индиректно придонела преку домашните обврски. Квон, пак, негирал дека таа била коосновач или дека била вклучена во управувањето со компанијата.

Судот од Јужна Кореја ги прогласи двајцата за подеднакво одговорни

Семејниот суд во Сеул утврдил дека бракот е неповратно нарушен и оценил дека двајцата сопружници се подеднакво одговорни за неговиот распад. Според судот, вредноста на имотот на Квон се проценува на околу осум трилиони вони.

Надминат претходниот рекорд

Износот од овој развод е повеќе од двојно поголем од претходниот рекорд во Јужна Кореја, кога на поранешната сопруга на претседателот на SK Group, Чеј Тае-вон, ѝ биле доделени 944 милијарди вони. И тој случај продолжува, бидејќи Чеј поднел жалба против одлуката со која му било наложено да исплати 666 милиони долари.

Жан Митрев