Спорт

СЕ ПОДГОТВУВА СПЕКТАКЛ: За првпат по 50 години Маврово ќе го врати нордиското скијање покрај Мавровското Езеро

По пет децении, нордиското скијање се враќа во Маврово со нова патека покрај Мавровското Езеро и иницијатива за поголема масовност кај младите.

СЕ ПОДГОТВУВА СПЕКТАКЛ: За првпат по 50 години Маврово ќе го врати нордиското скијање покрај Мавровското Езеро

Новата патека ќе се протега покрај Мавровското Езеро

По речиси пет децении, скијачкото трчање повторно се враќа во Маврово, каде што се подготвува нова патека покрај брегот на Мавровското Езеро. Клубот „Мирна Долина“ од Маврово, со поддршка од Општина Маврово и Ростуше, обезбеди ратрак со кој ќе се подготвува патеката за нордиско скијање. Поранешниот македонски репрезентативец во биатлон и нордиско скијање, Дамјановски, ексклузивно за „24часа“ вели дека идејата е да се врати духот на времето кога скијачкото трчање било масовно присутно во Маврово.

Целта е спортот повторно да стане масовен

Во рамки на иницијативата се планира и голем собир на спортисти кои во минатото активно се занимавале со нордиско скијање. Организаторите сакаат преку новата патека да привлечат и млади кои ќе имаат можност да го запознаат и практикуваат овој зимски спорт. Според Дамјановски, враќањето на нордиското скијање покрај Мавровското Езеро треба да потсети на периодот кога овој спорт имал голема масовност во регионот. Новата патека се очекува да биде место каде што повторно ќе се соберат љубители на скијачкото трчање и поранешни натпреварувачи.