Македонија

ШАР ПЛАНИНА СЕ ПОШУМУВА СО 30.000 САДНИЦИ: Нови шуми на површина од 12 хектари

Националниот парк „Шар Планина“ спроведува пошумување со 30.000 садници на 12 хектари кај Ѓермо и Сетоле, со поддршка од холандски партнери.

ШАР ПЛАНИНА СЕ ПОШУМУВА СО 30.000 САДНИЦИ: Нови шуми на површина од 12 хектари
facebook - Шар Планина

Националниот парк „Шар Планина“ започна активности за пошумување на 12 хектари со вкупно 30.000 нови садници. Пошумувањето ќе се одвива на две локации – во околината на Ѓермо, на површина од шест хектари, и кај Сетоле, каде што ќе бидат пошумени две површини од по три хектари. Активностите се реализираат во соработка со холандските партнери од организацијата „Пјур Промис“ (Pure Promise), преку чија донација е обезбедено подигнување и одгледување на насадите во период од три години.

Ќе се садат автохтони видови дрвја на Шар Планина

За пошумувањето се предвидени ела, смрча, бел бор, бука и јавор, со избор и распоредување според природните услови на теренот. Претставници на холандските партнери ги посетија локациите на кои се одвиваат активностите, како и дел од површините пошумени минатата година, за да го следат развојот на младите насади.

шар

Предвидена е тригодишна грижа за садниците

Од Националниот парк посочуваат дека проектот не завршува со засадувањето, туку во наредните две години ќе се спроведуваат редовна нега, следење на здравствената состојба и дополнување на садниците каде што ќе биде потребно. Целта е обновување на оштетените шумски површини, враќање на природната вегетација и создавање здрави и отпорни шумски екосистеми.

Жан Митрев