Регион
Дознај прв
СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА СРПСКАТА МИНИСТЕРКА: „Да бев Милошевиќ, етнички ќе го исчистев Косово“
Српската министерка Снежана Пауновиќ предизвика остри реакции со изјавата дека во 1998 година етнички би го исчистила Косово.

Снежана Пауновиќ
Српската министерка за државна управа и локална самоуправа, Снежана Пауновиќ, предизвика бурни реакции со изјава поврзана со случувањата на Косово во 1998 година. Во интервју за српската телевизија „Курир“, таа изјавила дека доколку била на местото на Слободан Милошевиќ, „етнички ќе го исчистела Косово“.
Изјавата предизвика остри критики
Пауновиќ признала дека станува збор за една од најсуровите квалификации што ги изговорила, но сепак го повторила својот став. Нејзините зборови предизвикаа осуди во јавноста и барања да биде разрешена од министерската функција.
Критичарите предупредија дека ваквата реторика претставува оправдување на етничкото чистење и дополнително ги влошува односите меѓу Србија и Косово.
Функционерка на Социјалистичката партија на Србија
Снежана Пауновиќ е родена во Пеќ и е членка на Социјалистичката партија на Србија од 1992 година, а од 2024 година ја извршува функцијата потпретседателка на партијата.
Изјавата повторно отвори жестоки реакции околу војната на Косово и политиките што ги спроведуваше тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Од српските власти засега се очекува официјален став за контроверзната изјава на министерката.
