Македонија

СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ: Температурите денеска до 33 степени, во Скопје до 32

Сончево и топло време денеска во Македонија, температури до 33 степени, а во Скопје до 32 степени.

СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ: Температурите денеска до 33 степени, во Скопје до 32

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, а дневните од 23 до 33 степени.

Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и максимална температура до 32 степени. Според најавите, стабилното и сончево време ќе продолжи и следната седмица, но попладне на одделни места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.