Хроника

ТРАГЕДИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПРОСЛАВАТА: 13-годишно момче загина при уривање на фонтана во Шпанија

Тринаесетгодишно момче загина, а три млади лица беа повредени при уривање на фонтана за време на прославата во Шпанија.

ТРАГЕДИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ПРОСЛАВАТА: 13-годишно момче загина при уривање на фонтана во Шпанија

Тринаесетгодишно момче загина, а уште три млади лица беа повредени при уривање на дел од фонтана во шпанскиот град Сиудад Родриго, во провинцијата Саламанка.

Трагедијата се случила ноќта меѓу 19 и 20 јули, додека низ Шпанија се прославувала победата на фудбалската репрезентација на Светското првенство во 2026 година.

Млади лица се собрале околу фонтаната

Според информациите објавени од „Европа прес“, група млади луѓе се собрале во близина на фонтаната за да го прослават освојувањето на светскиот трофеј.

Во еден момент се урнал дел од конструкцијата, при што тешко било повредено 13-годишното момче. Итните служби пристигнале на местото и се обиделе да му помогнат, но неговиот живот не можел да биде спасен.

Повредени уште три млади лица

Во несреќата биле повредени уште три млади лица, чија здравствена состојба била оценета како сериозна.

Шпанските власти треба да ги утврдат причините за уривањето на фонтаната и околностите под кои се случила трагедијата. Прославата следувала откако Шпанија ја победила Аргентина со 1:0 по продолженија во финалето и по вторпат станала светски шампион.

ОЗНАКИ: Шпанија