Свет
Дознај прв
ТРАМП ВОВЕДЕ НОВИ ЦАРИНИ: Погодени околу 60 земји
Новите американски царини од 10 до 12,5 проценти стапија во сила и опфаќаат стоки од околу 60 трговски партнери на САД.

Новите американски царини за производи увезени од десетици трговски партнери стапија во сила утрово. Мерките опфаќаат стоки од околу 60 земји, меѓу кои членки на Европската Унија, Кина и Индија. Царинските стапки се движат од 10 до 12,5 проценти, соопшти Канцеларијата на трговскиот претставник на САД.
Истече претходната царина од 10 проценти
Новите мерки се воведуваат во момент кога истече речиси универзалната царина од 10 проценти, која претседателот Доналд Трамп ја воведе претходно годинава. Таа мерка подоцна беше прогласена за неуставна од страна на Врховниот суд. Од Белата куќа порачаа дека Трамп нема да дозволи неговата трговска политика да биде попречена поради ограничување на еден правен инструмент.
Европската Унија реагираше на одлуката
Одлуката следува по истрага за наводна употреба на принудна работа при производството на стоки што се извезуваат во САД. Европската Унија ги оспори обвинувањата, а шефицата на европската дипломатија Каја Калас ги оцени царините како негативно изненадување. Од мерките се изземени одредени производи, меѓу кои нафтата, гасот и стоките што не можат да се произведуваат во САД. Американските власти проценуваат дека новите царини нема веднаш значително да ги зголемат цените за потрошувачите.
