Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ИСТОРИСКА ПАЛАТА ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ: Се урна дел од покривот

Голем пожар избувна во историската палата Милер од 18 век во центарот на Санкт Петербург, Русија, при што дел од покривот се урна. Огнот зафатил околу 2.000 квадратни метри од четирикатната зграда. Палатата се наоѓа на плоштадот „Свети Исак“, спроти истоимената катедрала. Објектот е заштитен како културно наследство, а во моментот на избувнувањето на пожарот не бил во употреба.
Во гаснењето учествувале 125 пожарникари со 25 противпожарни возила. Пожарникарите се обидувале да спречат ширење на огнот кон околните објекти кога дел од покривот се урнал. Според досегашните информации, нема повредени, а причината за пожарот засега не е позната.
Погледнете:
View this post on Instagram
