Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ВАЛЕНСИЈА: Обилни дождови предизвикаа поплави
Обилни дождови предизвикаа поплави во Валенсија, со поплавени улици и отежнато движење. Надлежните служби се на терен.

Поплавени улици во Валенсија
Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави и проблеми во сообраќајот во Валенсија. Големи количества вода се насобраа на улиците, а на повеќе места движењето на возилата беше отежнато. Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на последиците од невремето. Граѓаните се повикуваат на претпазливост и да избегнуваат движење низ поплавените делови. Лошото време предизвика проблеми и во повеќе околни населени места. Метеоролозите предупредуваат дека нестабилното време може да продолжи и во наредните часови. Засега нема информации за сериозно повредени лица.
